Ања Ветерова до Тамара: Овие неколку дена собирам импресии од твојата прва проба!
Откако заврши првата проба на нашата овогодинешна претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, целото внимание е насочено кон неа. Освен искачувањето на евровизиските обложувалници, не престануваат да пристигнуваат честитките за нејзините упеси.
Од они што сега започнуваат да градат кариера, па се до оние искусните сите и посакаа успеси. Помеѓу сите нив се најде и младата Ања Ветерова, која и самата ја претставуваше Македонија на Јунирската Еврозивија. Имено, таа посвети Инста стори на нашата дива и на истото го напиша следното:
„Тамара овие неколку денови собирам импресии од твојата прва проба. Сфатив дека немам зборови... Секоја чест за интерпретацијата и едно огромно браво за тимот позади сцена. Мислам на Даре, Роки, Ношпал и доктор Арменд. Покажавте и докажавте како треба да се претставува една земја! Ти посакувам да го постигнеш најголемиот успех на Евровизија кој Македонија го имала бидејќи заслуважуваш. Едвај чекам да те видам на сцената како сјаеш. Со среќа.“ - заврши Ања.