Анксиозност, тага, депресија и темни мисли: Еве на кого можете да се обратите за помош доколку се чувствувате лошо

Анксиозност, тага, депресија и темни мисли: Еве на кого можете да се обратите за помош доколку се чувствувате лошо

Објавена во: Совети // Семејство

Ако случајно нè боли заб, веднаш заминуваме на стоматолог. Па, зошто тогаш да ги игнорираме проблемите со менталното здравје?

Стресот, анксиозноста, тагата или лутината се непријатни емоции кои сите ги доживуваме во животот. Но, што ако вознемиреноста и мрачните расположенија се премногу интензивни и премногу чести?

Ако сте постојано тажни и депресивни и ако имате море од црни мисли со кои не можете да се носите, тоа ве спречува да функционирате нормално во вашето секојдневие. Кога сте тинејџер со проблеми со менталното здравје, најважниот чекор во добивањето помош е да најдете храброст да ја побарате.

Возрасните често се срамат да признаат дека им е потребна помош и дека нивното ментално здравје е нарушено. Но, тоа е толку погрешно. Замислете да ве боли стомакот или ногата, веднаш би заминале на лекар. Па зошто тогаш, кога се чувствуваме ментално лошо, имаме тенденција да го криеме тоа?

Нема срам. Како што можеме да се разболиме физички, можеме да се разболиме и психички, а со навремено барање помош можеме да спречиме нештата да се влошат.

Во продолжение погледнете на кој сѐ можеме да се обратиме кога ни е потребна помош:

# Пријателите (но, нека не остане само на тоа)

Ако имате пријатели од доверба, за кои знаете дека нема да ве издадат и дека секогаш ви се поддршка, слободно споделете ги вашите чувства со нив. Проблемите секогаш стануваат полесно кога можеме да ги споделиме со некој. Но, пријателите можат да дадат само пријателска, но не и стручна помош. Убаво е ако ве прегрнат и ви кажат убави зборови, но тука барањето на помош не треба да застане. Нека вашиот пријател на некој начин биде поддршка за чекор понатаму, а тоа е барањето помош до некој возрасен и стручен.

# Родителите

Поголемиот дел до родителите на овој свет би дале сѐ за своите деца, па така и вашите родители ќе направат сѐ за да би се чувствувале подобро и да се извлечете од депресивната состојба во која моментално се наоѓате. Кога ќе им кажете низ што поминувате, тие најдобро ќе знаат што понатаму - дали треба да поразговараат со вашиот класен раководител или училишен педагог или ќе се погрижат да ви закажат термин кај психолог.

# Некои други членови на семејството

Ако од некоја причина немате храброст да им кажете на родителите (без разлика да се плашите од осуда од нивна страна или се плашите од реакцијата), обидете се со другите членови на поширокото семејство, на пример дедовци и баби. Можеби имате добри тетки, братучетки или вујни, кои секогаш сте ги обожавателе и со кои сте имале блиски односи. Важно е таа личност да е полнолетна, возрасна и зрела. Макар од нив да побарате совет или да побарате да поразговараат за тоа со вашите родители, ако веќе вие не можете сами.

# Вработени во училиштето

Зошто не му се обратите за помош на вашиот класен раководител, омилениот професор, училишниот педагог или психолог? Тие се едукатори и ќе ви помогнат, бидејќи тоа им е во описот на работното место. Кажете дека сакате да разговарате за некој проблем, можете да побарате од нив да ве слушнат и да ви помогнат да ги средите работите.

# На својот матичен лекар

Можете да ги заобиколите сите субјекти кои ги имате порано наведено и да побарате помош од својот лекар по општа медицина. Ќе знае да ве сослуша, а можеби ќе ви посочи да посетите психолог.

Заклучок

Секогаш е подобро да се разговара со некој за она низ што минувате. Кога сите оние негативни мисли и емоции ги задржувате во себе, работите може да станат уште полоши. Барањето помош не е нешто за што би требало да се срамите. Бидете горди на себе, бидејќи сте биле доволно храбри и сте побарале помош. Тоа значи дека сте го направиле првиот чекор кон промените во својот живот.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: