Антониа Гиговска со емотивна порака до мајка ѝ: Ве гушка и секогаш сè поминува
Младата пејачка Антониа Гиговска објави фотка на која напиша емотивни зборови за најзината најголема поддршка во животот - мајка ѝ.
Музичката ѕвезда со црно-бела фотографија на која се таа и мајка ѝ напиша: „Мојата сила, насмевка и најголема љубов - мајка, ве гушка и секогаш се‘ поминува“.
Инаку, мајка ѝ на Гиговска ја поддржува Антониа уште од почетоците кога се натпреваруваше во „Пинк ѕвездички“, а случајот разбирливо не е променет ниту денес кога нејзината ќерка има успешна музичка кариера.
Фото: Инстаграм