Антониа наполни 19 години: Честитки од сите страни, но како Иван го направи тоа?
Вчера за младата пејачка Антониа Гиговска беше ден за славење. Имено, таа го прослави својот 19 - ти роденден. Во друштво на своето момче, и најблиските Антониа го одбележа овој ден, иако никаде не видовме дека дува свеќички.
На нејзина адреса пристигнаа многу честитки. Фотографот Стефан Соколовски, колешката од „Ѕвездичките на Пинк“ - Бојана Радуловиќ, поп пејачката Тамара Тодевска, Роберт Билбилов, моделот Павле Николовски, мејкап артистот Даниел Николовски, братучетка и Сара Гигова и уште многу други и посакаа најубави желби за среќен роденден.
Сигурно се прашувате во овој список каде е нејзиното момче, но не грижете, зошто и тој и го честиташе роденденот. Пред крајот на денот сподели фотографија со неа, покрај која напиша: „Среќен роденден свету мој“.
Исто така, младата пејачка интересна честитка во форма на видео доби и од своите обожаватели.