Апсолутно непријатно: 9 неудобни ситуации кои на сите ни се случуваат
Учењето од сопствените грешки некогаш и не ни оди од рака. Особено во оние најнепријатни ситуации. Кога ќе направиме нешто за што подоцна се чувствуваме преглупаво, шансите да го повториме истото наскоро се големи.
Оние најнеудобните ситуации секогаш се случуваат кога најмалку ги очекуваме. Дури и кога се изгледа како да е супер, го живееш животот, а потоа бум! Правиш некоја толку глупава и непријатна работа што се прашуваш како е можно сето тоа секогаш да ти се случува на тебе. Доколку ти е малку полесно - не ти се случува ова само на тебе. Сите барем еднаш во животот сме биле во ваква апсолутно непријатна ситуација.
# Некој излегува од зграда, јасно е дека ти влегуваш, но се уште си предалеку и тогаш личноста стои со отворена врата и чека... и чека...
# Тргнуваш да го земеш последното парче од пицата и тоа во истиот момент кога некој друг посегнува по него. И што сега - да и дозволиш на личноста да го земе, да предложиш да го поделите, ти побрзо го зимаш?
# Во јавност гледаш некој кој го знаеш и му мавташ, но таа личност тебе не те забележува и потоа само непријатно ја спушташ раката.
# Налетуваш самоуверено во погрешна училница и тогаш одеднаш застануваш и гледаш „кои се овие луѓе“?
# Се сопнуваш (по можност од сопствената нога) во најлошиот момент и се разлетуваш по подот како палачинка.
# Упорно пробуваш да ја турнеш врата и да ја отвориш (иако на неа пишува „влечи“).
# На некоја личност и кажуваш нешто, но таа личност не те слушнала... или пробуваш да се вклучиш во некој групен разговор, но некој гласно започнува да зборува „преку тебе“.
# Кога некој ќе те праша колку години имаш, а ти не можеш да се сетиш па стоиш пред таа личност (која најверојатно ти се допаѓа), како будала - бидејќи ете, очигледно не знаеш колку години имаш.
# Го „листаш“ профилот на Инстаграм на симпатијата и случајно му ставаш лајк на фотограграфија од пред 65 недели.