Арчи главен на божиќната честитка на Меган и Хари
Откако Вилијам и Кејт ја објавија својата божиќна честитка сега на ред дојде семејството од Сасекс. Принцот Арчи секој ден е се поголемо момче, а колку е пресладок погледнете во видеото.
Војводата и војвотката од Сасекс, Меган и Хари, ја објавија божиќната честитка во која главната улога ја имаше малиот Арчи. Видеото е снимено во Канада каде семејството одмара за време на празниците. Штом објавија видео на Твитер „The Queen's Commonwealth“, почнаа да им пристигнуваат преслатки коментари од обожавателите, кои беа разнежнети од Арчи, јавува Her.
Во црно - белото видео го прикажува уредениот дом во кој престојува кралското семејство со синот. Во позадина се гледа и елката, но таа не ги импресионираше луѓето, туку тоа го направи малиот принц Арчи. Арчи на видеото се пружа кон камерата и зачудено гледа додека родителите го следат со насмевка на лицете.
Во описот на видеото напишаа: „Ја споделуваме божиќната честитка од војводата и војвотката од Сасекс. Среќен Божиќ на сите!“.
Just sharing the sweetest Christmas Card from our President and Vice-President, The Duke and Duchess of Sussex. Very Merry Christmas, everyone! pic.twitter.com/McOcHALoGl
— The Queen's Commonwealth Trust (@queenscomtrust) December 23, 2019