Ариана Гранде ги откажа сите концерти: Омилениот продукт ѝ предизвика алергија!
Пејачката Ариана Гранде зарши во болница откако доживеа силна алергиска реакција од еден продукт кој досега често го конзумирала. Алергиската реакција предизвикала затварање на грлото поради што не може да јаде, а камо ли да пее, пишува Cosmopolitan.
Ариана не знаела дека е алекргична на овој зеленчук , затоа што досега досега не била. Поради тоа Ариана мораше да ги откаже двата концерти на Флорида, а фановите ќе може да ја очекуваат во ноември.
„Само да ве известам... Откривме дека сум алергична на домати, поради што грлото многу ми се стегна. Уште имам чувство како да голтам кактус, но секако сега сум подобро. Ви благодарам на поддршката и разбирањето. Едвај чекам да се вратам и да им се одложам на Тампа и Орландо во ноември за ова. П.С. – нема неправедни работи, кога Италијанка ќе добие алергија на домати во своите дваесети години“ – напиша Ариана на Инстаграм.