Ариана Гранде постави рекорд: Таа е најследената жена на Инстаграм

Ариана Гранде постави рекорд: Таа е најследената жена на Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

И втора најследена позната личност на светот

Ариана Гранде е најследената жена на Инстаграм.

27 - годишната пејачка сега ја следат 200 милиони луѓе на оваа мрежа, а таа е првата жена која има волку следбеници.

Воедно, таа е и втора најследена личности на Инстаграм, а пред неа е фудбалерот Кристијано Роналдо, кој има 238 милиони следбеници.

Селена Гомез се наближува кон цифрата од 200 милиони, со 190 милиони следбеници, додека Кајли Џенер има 193 милиони.

Во петте најследени личности на светот е и актерот Двејн Џонсон, кој има 196 милиони следбеници.

Ариана до оваа цифра стигна неколку часа откако настапи на доделувањето на МТВ музичките награди, каде на сцената настапи покрај Лејди Гага. Тие двете ја изведоа песната „Rain on Me“, за која освоија награда.

Ариана доби награда и за дуетот со Џастин Бибер, „Stuck with you“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: