Архитектонското чудо резервирано за Путин: Претседателот на Русија со куќа како од иднината

Архитектонското чудо резервирано за Путин: Претседателот на Русија со куќа како од иднината

Објавена во: Живот // Живот

Можеби во овој момент е соодветно да се потсетиме на еден постар проект кој предизвика голем интерес во моментот кога излезе, а неговата популарност повторно расте, не толку поради самиот проект, туку поради идејата дека тоа е куќата на Путин. Иако самиот проект е за пофалба, акцентот е на тоа дека познат руски архитект го замислил Путин како негативец кој мора да се крие некаде, во шума, пишува „D&D“.

Архитектот и дизајнер Роман Власов смислил неверојатно футуристички проект за куќа, кој го нарекол „Куќата на Путин или приказната за тоа како би можела да изгледа неговата вила“. Мора да признаеме дека ова е малку долг назив за проект, но кога станува збор за една таква личност сметаме дека ништо не можеме да замериме.

Во визуелизацијата на „Куќата на Путин или приказна за тоа како би можела да изгледа неговата вила“, Роман Власов ги остава отворени неговите дизајнерски одлуки. Овој малку драматичен и револуционерен проект иако ја истакнува куќата како скулптура среде шума која е навистина тешко да се игнорира, повторно на друга страна сугерира одредена атмосфера за засолниште на некој негативец од приказните за суперхероите. Изгледа дека познатиот архитект добро ја предвидел иднината, односно сегашноста.

Животниот простор на куќата се наоѓа на само едно ниво и всушност во прилично едноставна организација, додека главниот акцент на целата оваа приказна е на двата масивни столба на кои стои куќата. Столбовите изгледаат како да немаат крај додека се губат во густата шума под вилата. Вака замислениот проект отвора многу прашања на кои Власов уште не дал одговор.

Прокетот за вилата на Путин предлага радикална и нова интерпретација на модерната архитектура со нејзината фасада ослободена од било какви окови, хоризонтални прозорци и минималистички избор на материјали.

Куќата е апсолутно нечовечка по размери, а бесконечноста на потпорните столбови ја истакнува богатата имагинација на архитектот Роман Власов. Но, подигањето на куќата на вакви столбови го намалува нејзиниот отпечаток на планинската падина и со тоа го намалува влијанието врз природниот контекст, што сведочи за деталното разгледување на овој проект, кој не сака да остане само идеја. Тешко дека некогаш ќе дознаеме што сакал да каже Власов со овој прокет, ако таквата идеја се ркие во позадина, но секако мораме да го пофалиме за генијалноста и импресивниот дизајн, пишува „D&D“.

фото: Инстаграм / _vlasov_roman_

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: