Астро прогноза: Оваа недела најголемо влијание од ѕвездите ќе почувствуваат Близнаците и Девиците

Астро прогноза: Оваа недела најголемо влијание од ѕвездите ќе почувствуваат Близнаците и Девиците

Хороскопот за оваа недела ќе биде интересен од агол на планетата Меркур, која е планета на комуникацијата, размислувањето, одлуките, плановите, идеите и договорите, но и сообраќајот, кратките патувања и трговијата. Имено, на првиот ден од неделата Меркур го менува својот знак. Сепак, овој транзит ќе отвори прашања за економската ситуација, финансиите и трговијата, па во тие области треба да очекувате промени.

Оваа недела најмногу ќе влијае на личностите со знак или подзнак Близнаци и Девица, кои може да имаат најмногу промени и пресврти. Исто така, овој транзит ќе донесе и многу приказни, одлуки и преговори во емотивните и партнерските односи. Иако првиот ден од неделата може да почне конфузно, со чувство на рассеаност или пак во прашање е само поголема потреба за сон и повлекување, избегнување на ситуациите во кои немате доволно самодоверба или се чувствувате ранливо во односот со друга личност. Во понеделник вечер Месечината преминува во знакот на Рак што дополнително ја зголемува емотивноста и раздразливоста.

Во вторник не очекуваат промени кои се неизбежни, но корисни. Се однесуваат на финансиите, семејството и односите. Можеме да имаме поголема јасност во врска со некои важни планови кои сакаме да ги оствариме во врска со семејството или приватниот бизнис. Сепак, Меркур во квадрат со Сатурн може да донесе препреки во комуникацијата, расипување на уредите, автомобилот, може да предизвика сообраќајка или проблеми со документација. Доколку планирате да земете кредит или очекувате пари, може да се соочите со одолговлекување во врска со реализацијата.

Среда е ден во кој можеме да претеруваме со емотивните реакции, да осцилираме од емотивност, раздразнетост и повлекување, па се до емотивен мраз, резервираност и грубост. Ова особено ќе биде актуелно во емотивните и семејните односи. Ќе ве иритираат и своите и туѓите слабости.

Четврток е ден во кој можеме да се соочиме со повеќе предизвикувачки ситуации кои ќе се менуваат прилично неочекувано и бурно. Сите важни договори и планови не ги завршувајте во четврток, бидејќи можноста дека нема да го постигнете посакуваното е голема или пак ситуацијата ќе се пролонгира. Овој ден е посебно актуелен за Водолиите, Биковите, Лавовите и Шкорпиите.

Во петок ќе имаме аспект на конјукција на Меркур и Уран, што може да доведе до неочекувани идеи, информации, разговори и одлуки. Бидете отворени за нови идеи, необични планови и развој на настаните. Може да најдете нови решенија за стари проблеми. Во попладневните часови може да дојде до расправии и препирки, особено доколку им ги наметнувате своите ставови и уверувања на други. Воздржете се од ширење на позитивизам и дозволете им на другите да имаат поинакви ставови и чувства во односот со вас.

Сабота е ден во кој се препорачува да се активирате и да бидете вредни. Правете нешто низ дома, садете цвеќе или направете пролетна генералка. Во секој случај ангажирајте се, ментално или физички. Доколку бидете неактивни ќе ви се активира внатрешниот критичар и ќе се грижите за ситници, но и ќе ги забележувате сите грешки и пропусти.

Во недела ќе имаме потреба повеќе да зборуваме и да ја истакнеме својата личност, низ различни активности кои другите нема да ги поддржуваат, што може да води до недоразбирање. Совет до вас е овој ден што помалку да зборувате и да се насочите кон читање книги, пишување, како и обврските кои ги имате. Попладнето може да почувствувате зголемено незадоволство, кое може да се манифестира како нервоза во врската со емотивните односи и преиспитување на валидноста на вашиот емотивен избор. Некој ќе ја помине вечерта во сонување и одмарање, гледајќи серии или филмови, а некој ќе размислува и ќе се оптеретува со своето здравје.


Можеби ќе ве интересира: