Атанас Атансовски: Во основно носев очила со тигрести рамки!

Атанас Атансовски: Во основно носев очила со тигрести рамки!

Оваа недела на тинејџерските години се потсетува младиот и неверојатно талентиран актер Атанас Атансовски.

Како што и самиот вели како тинејџер бил многу немирен, најмногу сакал да учи историја, а учествувал и на сите училишни патронати. Токму од тие приредби ги има и најдрагите спомени меѓу кои му е и танцувањето на песна од Врчак.

„Во основно не доминирав многу, носев очила со тигрести рамки, огроми „тегли“. Тогаш ми пречеа, бидејќи во тој период многу ме задеваа.“, се потсети во едно интервју Атанас.

Убав спомен од тинејџерските години му е и првата симпатија.

„Мојата прва симпатија беше во прво одделение и не можам да ја заборавам. Ја сретнав и кажав сѐ. Другари сме и се изнасмеавме, дури и ми призна дека знаела дека ми се допаѓа, но таа беше вљубена во друг“, откри Атанас.

Фото:.imdb

Можеби ќе ве интересира: