Атина и Ника со тато Душко на одмор од соништата: 23.400 лајкови за две слики собра наследничката на Карлеуша

Атина и Ника со тато Душко на одмор од соништата: 23.400 лајкови за две слики собра наследничката на Карлеуша

Ника и Атина уживаат на одмор со тато Душко.

Фудбалерот и сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, ги однесе своите сакани Ника и Атина на празнично патување во Дубаи.

Бидејќи девојчињата имаат зимски распуст на училиште, тато ги израдува со незаборавно патување.

Впечатоците од патувањето ги сподели Атина со нејзините следбеници на Инстаграм, а интересно е што објавата со две нејзини фотографии за неколку часа „собра“ дури 23.400 лајкови.

Покрај прошетката низ прекрасниот Дубаи, Душко ги однесе своите ќерки во Забавниот парк, а колку е посветен може да се види на секое видео што го објави Атина.

Судејќи според приложеното, Душко не штеди ниту време ниту пари кога станува збор за неговите принцези, а одморот што им го овозможи е сон на секое дете.

извор:telegraf.rs

Можеби ќе ве интересира: