Атина и Ника вмешани во скандалот: Јелена Карлеуша правдата ќе ја бара на суд

Атина и Ника вмешани во скандалот: Јелена Карлеуша правдата ќе ја бара на суд

Објавена во: Живот // Живот

Невини луѓе страдаат... 

Ќерките на Јелена Карлеуша се малолетни кои во никој случај не се вклучени во скандалот од кој страдаат. Тие станаа жртви на сајбер напади на социјалните мрежи yпатени кон нивната мајка, поради ужасните пораки кои се потресни.

Под претходно објавени фотографии на Атина и Ника, луѓето сега пишуваат ужасни коментари и закани кон малолетните деца на Јелена, нарекувајќи ги погрдни имиња. Суровата содржина на пораките содржи бројни пцовки поврзани со Ј.К., но и невините ќерки кои во никој случај не се дел од музичкото натпреварување.


Никој не е поштеден од овие скандалозни коментари, кои се вознемирувачки и за возрасните, а камоли за децата во развој.

Да потсетиме, Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“, со одлука на продукцијата, на барање на Карлеуша, откако сподели навреди кон Јелена. По најавите на Вања на социјалните мрежи и изјавите за медиумите, Карлеуша најави дека ќе поднесе кривична пријава против Кнежевиќ, бидејќи се чувствува загрозена.

Јавноста вреваше на оваа тема со денови, изразувајќи различни мислења, коментирајќи, дури и навредувајќи ги обете страни, Јелена и Вања, а сега малолетните деца на Карлеуша се жртви на сајбер насилство на социјалните мрежи.


Фото: Инстгарам/karleushastar



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: