Атина Тошиќ е копија на Карлеуша: Овие три комбинации на мајката и ќерката докажуваат дека крушата под круша паѓа (ФОТО)

Атина Тошиќ е копија на Карлеуша: Овие три комбинации на мајката и ќерката докажуваат дека крушата под круша паѓа (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Преубавата Атина е копија на својата мајка, а уште на 13 години скоро и ја достигна висината на Карлуша од 180 сантиметри...

Децата на познатите родители често се соочуваат со предизвикот да го достигнат успехот на своите родители, а кога на сето тоа мајката е модна икона, критериумите се многу високи.

Тоа не претставува проблем за Атина Тошиќ, ќерката на пејачката Јелена Карлеуша, која со својата убавина и едноставност ја воодушевува јавноста.

Преубавата Атина е копија на својата мајка, а уште на 13 години скоро и ја достигна висината на Карлуша од 180 сантиметри.

Иако се облекува во склоп на своите тинејџерски години, Тошиќ покажа смисла за мода, поради што не е изненадувачки фактот што за брзо стана трендсетерка на својата генерација.

Сепак, Атина минатата година одлучи да одмори од социјалните мрежи, и покрај големиот број следбеници на Инстаграм и ТикТок ги деактивираше профилите, но гордата мајка Јелена и понатаму знае да објави фотографии со неа и нејзината помлада сестра Ника.

На заедничките фотографии добиваат безброј комплименти, а со три „matching“ комбинации потполно ги воодушевија следбениците.

За патувањето во Париз минатата година, мајката и ќерката избраа црни панталони, топ маици и чанти од брендот „Луј Витон“. 

Потоа во зимско издание, двете - секоја на свој начин, модно издоминираа, преубавата Атина и Јелена ги усогласија пастелните тонoви.

Третото издание беше кежуал, каде Јелена гордо напиша:

„Моето бебе. Јас сум висока 180 сантиметри, а Атина е скоро со истата висина на само 13 години...“

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: