Атракција на плажа: Ќерката на Катарина Грујиќ има само седум месеци и најслаткиот костим за капење кој сте го виделе (ФОТО)
Малата Катја е ѕвезда на плажа...
Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ пред седум месеци станаа родители на девојчето Катја, но тоа што имаат бебе воопшто не им го менува текот на животот. Неодамна одмараа на Фрушка гора, а потоа дојде време за првото летување во проширен состав.
Катарина и Марко престојуваат во Будва, каде популарната пејачка го спои убавото со корисното, навечер настапува, додека преку ден е посветена на сопругот и ќерката. Тие моменти со задоволство ги споделува на Инстаграм, каде најмногу внимание без сомнеж привлекуваат фотките од Катја.
Иако има само 7 месеци, Катја веќе има вистински костим за капење. Преслаткиот модел со панделки на прерамките и натписот „Love Minnie“, ги воодушеви сите и ја фрли популарната пејачка во сенка, која не само што ја врати линијата по породувањето, туку и изгледа подобро од било кога.
фото: Принтскрин / Инстаграм