Баба цели четири години штедела монети: Со тие пари на внуката ѝ купила совршен фустан за матура (ВИДЕО)

Баба цели четири години штедела монети: Со тие пари на внуката ѝ купила совршен фустан за матура (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Штом внуката се запишала во средно, бабата почнала да размислува за матурската вечер. Само бабите може да сакаат вака.

Ја знаете ли онаа поговорка: „зрно до зрно погача, камен до камен палата“? Епа изгледа дека така и паричка до паричка на крајот може да биде фустан за матура.

Една баба почнала да собира монети откако нејзината внука се запишала во средно училиште. За четири години собрала многу монети со кои на крајот на својата внука можела да ѝ купи прекрасен фустан за матура.

@luvjaydens

get a grandma like mine

Originalton -

Средношколката Џејден стана вирална на ТикТок откако ја сподели нејзината драга баба Ким со години штедела монети за на крајот на средното училиште да ѝ купи фустан за матура.

„Најдете си баба како мојата“ - стои во описот на видеото кое има повеќе од 31 милион пати.

Во објавата ги гледаме внуката и бабата како ги носат монетите во банка, за да ги заменат за банкноти.

@luvjaydens Replying to @jdot2_crazy original sound - jayden

Бабата за време на четирите години успеала да собере 357,93 долари. Како што откри внуката, банката ѝ земала 5% од износот и на крајот од банката си занимале со 340 долари, што било повеќе од доволно за купување на нов фустан.

Баба Ким не знаела дека внуката ја снима и дека ќе ја објави на ТикТок. Кога дознала ѝ испратила порака на внуката.

„Наводно ме направи популарна на ТикТок“ - ѝ напишала бабата во порака и ѝ порачала на внуката дека ја сака.

Џејден покажала каков прекрасен фустан за матура си купила. Изгледала прекрасно благодарение на бабата која за тој голем ден почнала да размислувала веднаш штом внуката тргнала во средно училиште.

@luvjaydens the best part was leaving and going to applebees #prom son original - tswiftmusic

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: