Баба која секој би ја посакал: На својата внука на старомоден начин ѝ прави кратки маици? (ВИДЕО)

Баба која секој би ја посакал: На својата внука на старомоден начин ѝ прави кратки маици? (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Кој не би посакал ваква баба?

Оваа баба вреди злато! Една девојка на ТикТок објави видео во кое ја покажува својата баба која ѝ плете облека за претстојното лето. Девојката ѝ покажува само фотографија од она што го сака, а бабата лесно успева да го изведе тоа.

Поради едно видео, сите се љубоморни на оваа девојка која има најдобра баба на светот. Сними видео во кое ја покажува својата баба како ѝ плете кратки маици за претстојното лето, токму онака што се носат денес! Таа само ѝ покажува фотографија од моделот кој го сака, а баба ѝ го прави и тоа дури ги има скоро истите бои како оние од фотографијата.


Оваа девојка е навистина среќна што има баба која може да ѝ направи такви модни парчиња, но и што нејзина баба воопшто има волја за тоа. Веруваме дека завршните резултати на кратките маици изгледаат предобро, особено кога гледаме колку бабата се труди за својата внука. 

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: