Баба стана вирален хит откако го прелажа внукот со божиќниот подарок: Тој „само“ сакал PlayStation 5

Баба стана вирален хит откако го прелажа внукот со божиќниот подарок: Тој „само“ сакал PlayStation 5

Објавена во: Совети // Семејство

Подароците не се најважната работа во овој период од годината, но сите знаеме дека нешто ќе не очека под елката. Некои имаат поскромни желби, а други, воопшто не. Ова момче сакаше PS5, но неговата баба го спушти на земја.

Новиот PlayStation е навистина скап подарок и дефинитивно не е нешто што повеќето баби можат да си го дозволат, а освен тоа, не е нешто што треба да го барате како подарок. Оваа баба има добра смисла за хумор, мора да го признае тоа. Секој Божиќ добро се шегува кога е во прашање божиќниот подарок, а тоа не го прескокна ниту оваа година. Добро знаеше дека нејзиниот внук го сака најновиот „PlayStation“, но наместо тоа, под елката реши да му остави...

@tameekalal

And the tradition of his Nanny being an asshole continues.... ##fyp @mybirdsmall  ##ps5

original sound - Tamera Truxillo Lall

Свеќа, но не било каква свеќа. Само што започна да го отвора подарокот, знаеше дека неговата баба решила повторно да го „зезне“, а мајка му како секакоја мајка снимаше сè. Наместо PS5, тој доби свеќа PS5. Иако подарокот ни приближно не беше она што тој го сакаше, бабата успеа да ги воодушеви и насмее и нејзиното семејство и интернетот. Видеото собра над 3 милиони прегледи и над половина милион лајкови за неколку дена. Оваа баба е вистински цар!


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: