Back to school комбинации од Mango Kids!
Колку и да уживаме во летото и распустот, време е да почнеме да размислуваме за првите училишни денови, па зошто да не почнеме од стајлингот?
Манго создаде фантастична колекција за најмладите и покажа дека училиштето за нив е супер инспирација!
Ако се' уште немаш идеја како да се дотераш за првата средба со другарите, ние ќе ти дадеме неколку идеи. Колекцијата е составена од буквално се' што му е потребно на еден ученик без оглед на возраста, почнувајќи од маици, преку јакнички, обувки, па се’ до модни додатоци.
Што мислиш за тексасно здолниште и кошула со суптилен дизајн или можеби за кул кошула и џинс?
И септември ги носи боите на летото, па слоевита комбинација од подолги бермуди и маица и кошула одозгора, за момчињата ќе биде полн погодок.
Можеш да бираш класична бела или пак да избереш некоја од кошулите и маиците во боја!
Ниту оваа колекција на Манго за деца не поминува без интересни блузони и дуксери без кои не може да се замисли гардероберот на ниту едно дете.
Девојчињата пак може да бираат од огромната колекција кошулки и маици со интересни натписи и дизајн!
Секако, Манго има подготвени идеи и за првите постудени денови - мантили, топли елеци и тренди капутчиња.
Ова е колекција која ќе им се допадне и на децата, но и на родителите. Па, родители - не заборавајте да ѕирнете и во понудата обувки и заеднички да си одберете патики, мокасини или пак да инвестирате во чизмички за деновите што претстојат.
И она што е уште подобро - голем дел од производите се на намаление, па родителите можат да направат одлична „зделка“ за првите училишни денови да бидат уште посреќни.
Ако се' уште сте на летување или во трка со времето, па не можете да поминетево нашите продавници во Сити Мол и Ист Гејт, тука е онлајн апликацијата од која можете да купувате каде и да сте.
Ве очекуваме!
Пр објаваПр објава