Бадник никогаш не бил потажен во Бакингемската палата: Кралицата Елизабета го откажа Божиќ, деталите на нејзината работна маса кршат срцата
Кралицата Елизабета го откажа Божиќ и ја растажи Британија за празникот.
Како што се наведува во официјалното соопштение на Бакингемската палата, овој Божиќ, од превентивни причини, кралицата ќе го помине во замокот Виндзое, во кој престојува уште од првите месеци на минатата година. И честитката до сонародниците и светот ќе биде поинакво. Лична.
Кралицата уште тагува за сопругот, принцот Филип, кој почина на почетокот на април. Новата фотографија од нејзината канцеларија, т.н. Бела соба, потврдува дека најубавите желби до нацијата ќе ги упати со фотографија со војводата од Единбург, која врамена ја краси неговата работна маса. Направена е во 2007 година, кога славеле јубилеј, дијамантска свадба. Ова е прв Божиќ кој ќе го дочека пред него. Сепак, ќе има друштво - тука ќе биде нејзиното настаро дете, принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвола.
Иако зад неа е тешка година, бидејќи го загуби животниот сопатник, Елизабета имала и причина за славење - доби уште четири правнуци, од кои едно доби име во нејзина чест. Принцот Хари и Меган Маркл ѝ ја подарија малата Лилибет, Август стигна од принцезата Евгенија, нејзината сестра Беатрис го роди девојчето Сијена, а најстарата внука, Зара Тиндал, на свет го донесе синот Лукас.
фото: Profimedia