Бајката на Стефан Лазаров и Марта: Јутјуберот во спотот за песната „Ти“ покажа како ужива со својата сакана

Бајката на Стефан Лазаров и Марта: Јутјуберот во спотот за песната „Ти“ покажа како ужива со својата сакана

Објавена во: Stars // Музика

Јутјуберот Стефан Лазаров освен што се испроба како фудбалер, водител, јутјубер, уште одамна заплови во музичките води. Зад себе веќе има неколку песни, а вчера ја издаде и уште една, насловена како „Ти“.

Зад музиката и текстот стои Таско, а во текстот вмешал прсти и самиот Стефан. Јутјуберот аранжманот му го довери на Иван Јованов. 

Овој летен романтичен хит, доби и своја видео приказна, во која главните улоги им припаднаа на Стефан и неговата девојка, Марта, кои не ја криеја својата љубов во сцените. Преку ова видео покажаа како уживаат во нивната идилична љубов, а како звучи и изгледа сето тоа, погледнете во продолжение:


Инаку, песната за 24 часа има повеќе од 50.000 прегледи, што е добар предзнак дека ќе се слуша ова лето.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: