Бака Прасе и Ања Бла повторно заедно: Јавно се расправаа, па се смирија во живо (ФОТО)
Неговата упорност се исплати!
Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, на почетокот на оваа година раскина со девојката која на социјалните мрежи е позната како Ања Бла, а потоа отиде во илегала поради скандалите што го опкружуваа.
Но, откако повторно се активираше, не престана да го привлекува вниманието на Ања, со прозивки или молби, сакајќи да се смири со неа, а тоа се случи синоќа.
Бака организирал „онлајн состанок“ со поранешната девојка, а за секои 250 евра решиja да пиjaт чашка алкохол, со цел да соберaт 10.000 евра.
- Не пијам веќе, не се сеќавам како испив толку многу чаши - рече во одреден момент Ања кога собраа 1.400 евра, но не се откажа, додека Богдан цело време играше и скокаше.
Во еден момент се бакнаа пред сите и повторно ја официјализираа својата врска.
- Па се смиривме? - ја праша Богдан.
- Тоа значи дека од вечерашната донација добивам половина од парите - му одговори Ања.
извор:24sedam