Бака Прасе има друг канал на Јутјуб со половина милион претплатници: На него објавува видеа за Митровиќ

Бака Прасе има друг канал на Јутјуб со половина милион претплатници: На него објавува видеа за Митровиќ

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Со недели наназад на ова место уживаше да зборува со своите следбеници за целиот скандал и тоа со часови...

Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, вчера на својот Инстаграм профил објави дека му е исклучен канал на Јутјуб.

Бака Прасе на овој канал имаше 2 милиони претплатници, но тој не е единствениот кој го имаше на споменатата платформа. Изминатите години, кога му се случуваше да добие рестрикции поради своите видеа, Бака направи неколку неколку резервни канали.

Еден од таквите канали има скоро половина милион претплатници. Каналот се вика „Бака сепра“, а на него повремено објавуваше видеа, онолку колку што беа потребни за да го „одржува во живот“.

Овој канал со бизарно име, има повеќе од 446.000 претплатници и во изминатите недели и денови на него објавуваше долги видеа во кои го измеваше Жељко Митровиќ, телевизијата „Пинк“, нејзините водителки, поточно, водителката Јована Јеремиќ.

Иако нема толку многу прегледи како неговиот оригинален канал, видеата на каналот „Бака сепра“ и понатаму имаат по повеќе од 100.000 прегледи, од кои некои имаат скоро 700.000 прегледи.

Бака Прасе, исто така е една од најплатените јавни личности во Србија на Инстаграм, и само на таа социјална мрежа го следат повеќе од еден милион луѓе.

Со помош на овие два канали за комуникација, не само што Бака Прасе може и понатаму да допре до публиката, туку и понатаму може да заработува по повеќе од 100.000 евра на годишно ниво.

За потсетување, Жељко Митровиќ со недели наназад отворено зборуваше дека ќе даде сѐ од себе за Богдан Илиќ да „исчезне“ од Јутјуб, а Бака откри дека најмногу прегледи на неговиот главен канал дошле од страна на „Пинк“.

Медиумите порано пишуваа, но и другите јутјубери споменуваа, дека Бака Прасе од спонзорите и прегледите на Јутјуб заработувал повеќе од 13.000 евра месечно.

Инаку, јутјуберот изминатите денови најави документарец за Жељко Митровиќ, додека главата на розевата телевизија веќе објави еден за него.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: