Се огласи Бака Прасе откако му го изгасија каналот на Јутјуб: Откри како дошло до тоа (ФОТО)
Ова никој не го очекуваше...
Јутјуб каналот на Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, утрово беше изгасен.Вербалниот конфликт кој со недели наназад го имаат првиот човек на телевизија „Пинк“, Жељко Митровиќ и јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака ПРасе, направи хаос во јавноста.
Луѓето се поделија на две страни, а медиумите секојдневно известуваат за сè што се случува, а утрово сите забележаа дека на Јутјуб го нема каналот на Бака Прасе, што значи дека е изгасен.
Сега, се огласи и јутјуберот.
„Збогум Бака Прасе Јутјуб канал“ - напиша кратко на своето прво стори, а потоа објави уште едно:
„Добив три забрани. Каналот ми е исклучен. Добив забрани на видеата каде што бев гостин на Пинк пред 4,5 години. Не можам попатетичен потег од тој“.
А, потоа приложи и доказ „за сите оние кои мислат дека лаже“.
Јутјуберот минатата недела беше на сослушување поради наводните обвинувања кои против него ги поднесе сопственикот на „Пинк“, Жељко Митровиќ, а истражните органи наводно водат истрага во врска со повеќе предмети против Бака Прасе, помеѓу останатото, се сомневаат дека затајувал данок.
фото: Принтскрин / Инстаграм/ Јутјуб