Бака Прасе му посвети песна на своето милениче: Тој ме промени
Бака не се одделува од своето куче, на кое му даде име по лик од „Војна на ѕвездите“. Во песната признава дека Оби му го променил животот на подобро и никогаш повеќе нема да остане сам, без оглед на тоа што ќе се случи.
Богдан Илиќ, на публиката попознат како Бака Прасе е еден од најпопуларните регионални јутјубери. Во саботата тој објави нова песна, која ја посвети на своето домашно милениче Оби.
Во песната Бака пее дека Оби го промел откако влегол во неговиот живот. Бил покрај него во најтешките моменти и дека неизмерно го сака: „Но, сега што и да се случи нема да останам сам и затоа ти благодарам малечок, со тебе сум пресреќен“ - ова се дел од стиховите кои Бака Прасе му ги отпеа на својот Оби.
Својот миленик одлучил да го крсти Оби, по ликот Оби - Ван Кеноби, поради тоа што ги обожува „Војна на ѕвездите“. Кога станува збор за ова преслатко животно, Бака е прилично емотивен, нежен и необично мирен на своите видеа. На Инстаграм често споделува видеа од својот пријател и покажува како го поминуваат времето заедно.