Бака Прасе во основно носел очила и бил повлечен: Дали би го препознале? (ФОТО)
Изгледот на јутјуберот во тинејџерскиот период никој не може да го поврзе со ова што е денес...
Контроверзниот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, често предизвикува скандали и ја шокира јавноста, а една од последните драми за која бруеше јавноста е конфликтот кој го имаше со првиот човек на Пинк телевизија, Жељко Митровиќ, кој повеќе и не смее јавно да го споменува.
Богдан во повеќе наврати доаѓаше во конфликт со Законот, а поради остриот јазик, профилите на социјалните мрежи кон крајот на летото минатата година му беа суспендирани, вклучувајќи го и Јутјуб каналот со повеќе од 2 милиони претплатници, кој воедно му е и основниот извор на приход.
Кон крајот на 2022 година, Илиќ ги врати своите профили, а судејќи по сѐ се има и смирено.
Имено, само еден пред дочекот на Новата година, се пишуваше дека Богдан ја запросил својата девојка, Ања Бла, со кој неодамна се смири. Празниците заедно со неа ги помина кај родителите, во семејниот дом, а стана и вујко.
Непосредно пред породувањето на сестра му, Бака одлучи за неа, нејзиниот избраник и новороденчето да купи стан во Белград и да им обезбеди покрив над глава. Со овој гест ја освои јавноста.
Покрај станот за сестра му, Илиќ во изминатата година договори и недвижнина за себе и тоа во елитната населба, Белград на вода. Се шпекулираше дека во него вложил повеќе од милион и пол евра.
Инаку, Бака бил ученик во основното училиште „Ослободиоци Београда“, кое се наоѓа во близина на Ташмајдан, а неговите другари од училиште истакнуваат дека во тинејџерските денови бил повлечен и дете за пример, и дека никој не се надевал дека денес ќе ги полни насловните страници како еден од водечките „мајстори за скандали“ во Србија.
На 24седам, се појави фотографија токму од тие денови. Бака Прасе тогаш бил поинаков, носел очила, но сепак го задржал својот препознатлив израз на лицето.
фото: Принтскрин / Јутјуб