Бакнежи од филмови и серии кои сите ги паметиме: Ве потсетуваме на 4 незаборавни сцени (ВИДЕО)
Малку кој момент во некој филм или серија не воодушевува толку многу како оној кога нашите омилени ликови, по многу напнати моменти, конечно ќе се бакнат и една на друг ќе си ги признаат своите чувства. Токму затоа издвоивме четири бакнежи од филмови и серии кои влегоа во историјата и кои сите ги паметиме.
# Рос и Рејчел - „Friends“
Еден од најпопуларните бакнежи во телевизиската историја беше оној на Рос и Рејчел од серијата „Friends“. Овој бакнеж се случи во седмата епизода од втората сезона, кога Рос и Рејчел еден на друг конечно си ги признаа своите чувства кои долго ги чуваа во себе.
# Бејби и Џони - „Dirty Dancing“
Хемијата помеѓу Бејби и Џони во „Dirty Dancing“ беше огромна, па не е ни чудо што за нивниот прв бакнеж се зборува и повеќе од 30 години.
# Дејмон и Елена - „The Vampire Diaries“
Иако бакнежот кој се случи помеѓу Елена и Дејмон во третата сезона од оваа серија не е нивниот прв бакнеж, дефинитивно „крена многу прашина“. Имено, тој бакнеж е бакнежот кој означи крај на врската на Елена со Стефан, братот на Дејмон, а сценариото на серијата се сврте во сосема друга насока.
# Али и Ноа - „Notebook“
Еден од најомилените романтични филмови на 21-от век, сигурно е „Notebook“, а сцнеата која сите најмногу ја паметиме е бакнежот на дожд на Али и Ноа, откако сфатиле дека помеѓу нив уште има љубов.