Бакнување за време на коронавирусот: Докторите откриваат дали треба да престанеш со тоа
Што смее, а што не се препорачува?
Досега веќе на сите им е јасно дека е најдобро да се мијат рацете по секој контакт со местата каде што има многу луѓе, но и дека се препорачува да се намали дружењето. Но, што е со активностите како што се бакнувањето со момчето/девојката?
Секогаш е добро да се информираш, а во време кога сите зборуваат за коронавирусот, паниката се шири, секојдневните навики се менуваат, но што е активностите за кои вообичаено не размислуваш? Без разлика дали си во врска или одиш на состаноци кои завршуваат со бакнување, дали моментално е попаметно да го одложиш бакнувањето или тоа не е толку страшно?
Доколку градот во кој живееш е едно од местата каде се има појавено коронавирусот и каде веќе има заболени, се препорачува некое време да не разменуваш стравствени бакнежи, особено со луѓе кои не ги познаваш добро и со кои само што имаш започнато да се состануваш. Иако никој од вас нема симптоми, не треба да ризикуваш, бидејќи првите 10 дена откако некој ќе се зарази, нема да има никакви симптоми. Еден од докторите за EliteDaily објасни дека и најмалата количина на плунка може да пренесе корона, па така бакнувањето е нешто поради што треба да се биде внимателен. Но, сепак, доколку имаш момче/девојка за кои знаеш дека не патувале во последно време и дека не се движеле помеѓу луѓе кои патувале во некои од европските држави, сосема е во ред да продолжиш да се бакнуваш. Во ваква ситуација нема потреба за посебни безбедносни мерки.