Баланс+ Имуно од Бимилк е новиот функционален јогурт за јакнење на имунитетот
Голем број љубители на Баланс+ отсега ќе имаат прилика да уживаат во потполно различниот Баланс+ Имуно, кој е новиот функционален јогурт од Бимилк. Новиот производ се вбројува во функционална храна, затоа што покрај основните хранливи состојки содржи уште и природни култури кои докажано го зајакнуваат имуниот систем, комплекс од 3 витамини Д3, Б6 и Б12 - исклучително важни за правилната функција на имунитетот и влакна од природно потекло инулин - вид пробиотик корисен за здравјето.
“Создавањето производи што имаат висок квалитет и бројни здравствени придобивки е главниот фокус на Бимилк оваа година. Во тој контекст, го прошируваме Баланс+ портфолиото со уште еден функционален производ, Баланс+ Имуно со нутритивни карактеристики и збогатен со култури кои имаат позитивен ефект за одржување здрав имун систем. Ваквиот состав и единствената рецептура му даваат дополнителна вредност и докажани здравствени придобивки со цел потрошувачите да добијат производ што го поттикнува одбранбениот систем посебно во овие зимски месеци”, изјавија од Бимилк.
Формулата со која е направен Баланс+ Имуно е базирана на составот што го истакнува од останатите млечни производи и има позитивно влијание за зајакнување на имуниот систем на природен начин. Баланс+ Имуно е достапен на пазарот во пакување од 1kg и 330g.