Баланс во исхраната без диета? Тоа е можно со овие три мали промени

Баланс во исхраната без диета? Тоа е можно со овие три мали промени

Објавена во: После „Школо“ // PR

Кога ќе се наруши рамнотежата во организмот се појавуваат болести! Најважната работа во борбата против секојдневниот стрес е она со што го храните вашето тело и вашиот ум.

Најтешкото нешто во животот е да се најде рамнотежа. Понекогаш тоа е рамнотежа помеѓу кочницата и гасот, понекогаш меѓу деловниот и приватниот живот, љубовниот баланс, а понекогаш тоа е само баланс во исхраната. 

Балансот е клуч за добро здравје - сите сме ја слушнале оваа фраза безброј пати. И навистина е вистина. Како и во секој друг аспект од животот, златната средина е она кон што сите треба да се стремиме. Нерамнотежата во човечкото тело може да доведе до низа негативни симптоми, а на крајот и до болести.

Кои се алармантни симптоми?

Не секој симптом е знак за сериозно нарушување во телото, но дефинитивно не треба да ги игнорираме. Особено ако имате повеќе од еден симптом и ако ситуацијата се влошува со текот на времето. Кои се показателите за нерамнотежа во телото? 

Губење на концентрација.

Губење на апетит.

Слабост или недостаток на енергија.

Тешко дишење.

Низок имунитет.

Брзо отчукување на срцето.

Варење.

Раздразливост.

Ова се само некои од симптомите на кои треба да обрнете внимание. Поединечно тие не претставуваат голем проблем, но кога се појавуваат два или повеќе во исто време - овие показатели за нерамнотежа во вашиот организам можат да претставуваат голем проблем за вас.

„Балансот е клучот за добра кондиција на телото.“ - навистина е така

Обидете се да го одржувате балансот на вашето тело секој ден. Обрнете внимание на секој аспект од вашиот живот - од начинот на кој јадете, количината на физичка активност, внесот на вода, количината на стрес на која сте изложени, до тоа колку спиете. Сè е важно. Зошто? Бидејќи само правилна и избалансирана комбинација на сите овие компоненти е предуслов за одржување на рамнотежа. И сите знаеме колку е важна рамнотежата.

Како да се одржи рамнотежата?

Правилна исхрана

Редовно внесување вода

Физичка активност

Одмор

Овие четири компоненти се од клучно значење, но има цела низа фактори кои влијаат на благосостојбата на вашиот организам. Еден од нив е количината на стрес на кој сме изложени. Физички и психолошки. Балансот е клучот за здраво тело и затоа претераната изложеност на кој било агенс не е добра идеја. Дозволете му на вашето тело да се одмори, да спие доволно и редовно. Наш совет е да се обидете да легнете и да станувате секој ден во исто време. Воспоставувањето здрав биоритам е одличен начин да се врати рамнотежата во вашето тело.

Еве и три мали промени кои можат да станат дел од вашето секојдневие, а кои ќе ви помогнат да најдете баланс во исхраната без диета.

„Зачинете ја“ течноста што ја внесувате во текот на денот

Сите знаеме дека е потребно да се консумираат најмалку 2 литри течност дневно. Тоа воопшто не звучи многу кога ќе ви кажеме дека во основа се 10 чаши распоредени во текот на денот, но јавна тајна е дека водата е здодевна. Затоа е важно да знаете како да го додадете „тоа нешто“ што ќе ве привлече да го пиете. Може да биде и чај - секое растение ќе ви даде нешто што е добро за вашето тело. Што се однесува до водата, можеме да ја консумираме на милион интересни начини - само исечкајте малку краставица во бокал со вода, додадете лимон, ѓумбир, листови од нане, и ставете ја во фрижидер. Ќе имате освежителен пијалок кој ќе ве искушува цел ден, нема да морате да ја „форсирате“ количината на течност која му е потребна на вашето тело.

Пијте 500 мл пробиотски јогурт дневно

Пробиотскиот јогурт е суштински дел од секојдневната исхрана на луѓето кои се грижат за своето здравје, благодарение на сите ефекти што ги има врз нашето варење и воспоставување рамнотежа во организмот, како и исхраната. Можеби нашите баби ни велеа дека сè започнува од нозете, но во ова модерно и брзо време полно со стрес, сè започнува од стомакот. Затоа треба да најдеме јогурт кој се состои од две пробиотски култури кои се грижат за правилното функционирање на нашиот дигестивен систем - имено LA-5 (Lactobacillus acidophilus) и BB-12 (Bifidobacterium lactis), бидејќи тие ги ублажуваат симптомите на вознемирен стомак и обновување на микробиомот на цревата, чиј недостаток ни прави проблеми. Токму тоа се наоѓа во уникатната и природна формула на јогуртот Balans+. Заедно со влакната Олигофруктоза, која е исклучително важна за зголемување на бројот на добри бактерии, тие прават напиток кој може да ни помогне да ја вратиме рамнотежата во телото. Резултатите се видливи доколку Balans+ се консумира дневно во количина од 500гр. Најдобро е да се подели во две дози - најчесто се пие со појадок и со вечера, оброци со кои одлично се надополнува.

Слободно грицкајте - но нешто здраво

Кога имате желба да грицкате нешто солено, индиските ореви, ф'стаците, лешниците и бадемите се секогаш идеално решение, па секогаш можат да ви бидат на дофат. Ако сакате нешто слатко, можете да изедете банана, што можете да ја потопите во стопено темно чоколадо.

Значи, како што можеме да видиме - рамнотежата е клучот за добра состојба на телото. Од нас зависи дали тој баланс ќе трае и колку долго - но потрудете се и успехот е загарантиран!

Пр објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: