Балканското првенство во џудо за помлади пионери со поддршка од Моја кравица
Над 400 учесници викендот се натпреваруваа на Балканското првенство во џудо за помлади пионери и пионерки што се одржа во Битола, а најголемата поддршка дојде од чоколадното млеко Моја кравица. На првенството, кое е во организација на Џудо федерацијата на Македонија, учествуваа деца до 13 години од единаесет држави, Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Кипар, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Турција и Македонија.
Како генерален спонзор Моја кравица обезбеди снабдување со енергија и слатко освежување за натпреварувачите и за присутната публика и беше задоволство во кое сите уживаа. После секоја џудо борба, натпреварувачите добиваа чоколадно млеко Моја кравица, а најмладите посетители освен што уживаа во вкусот на млекото имаа и дружба со добро познатата Моја кравица која им приреди супер забава и делеше чоколадни млека за присутните во публика.
Моја кравица чоколадно млеко е направено од темно млечно чоколадо и млеко е идеално за сите љубители на класичниот вкус на чоколадо. Чоколадното млеко Моја кравица е супер идеален пијалак и за после секоја спортска активност поради балансиран сооднос на какао, јаглени хидрати и протеини, што помага во регенерирање на мускулите. Неговата содржина на протеини го поддржува и олеснува растот на мускулната маса, за зголемување на издржливоста и намалување на исцрпеноста после тренинг што го прави вреден пијалак за најмладите спортисти.
Достапно е во амбалажи за сечија потреба и секоја прилика од 250ml, 300ml, 500ml и 1l. Прилагодете го изборот на вашите потреби и уживајте во секоја голтка!