Бараат измени: Матурантите од Хрватска покренаа петиција за полагањето државната матура
Јасно е дека ситуацијата е се посериозна. Училиштата во Хрватска оваа година не работеа поради штрајкот на просветните работници, сега повторно не работат регуларно, а матурантите се во паника.
Како ќе ја надокнадат училишната година? Иако онлајн наставата е во тек, на сите им е јасно дека тоа не е исто како нормалната настава. Никој не е повеќе загрижен од матурантите. Тие оваа година се во големи проблеми, а изгледа дека за ова се сѐ повеќе свесни. Како ќе стигнат да ја надокнадат настава во рок и квалитетно да го поминат материјалот кој се наоѓа на матурата? Иако се сега дома и имаат многу време за учење и понатаму е тешко да се постигне - и во меѓувреме да ја следат онлајн наставата. Затоа тие покренаа петиција.
Се повикуваат сите матуранти од цела Хрватска да се приклучат и да ја подржат оваа петиција, бидејќи ова се однесува на нив. До сега имаа собрано над 7.000 потписи. А во продолжение погледнете што тие сакаат да променат:
# Сакаме Министерството за образование и наука да го редуцира материјалот кој оваа година ќе се полага на Државна матура. Ова барање првенствено се однесува на материјалот од 4 -та година. Со оглед дека ниту една генерација немала ваква комплексна и бурна последна година, сметаме дека е во ред од Министерството да бараме да не ни даваат премногу тешка матура, туку оваа година да ја олеснат ситуацијата. Исто така бараме материјалот да не отфаќа никакви „додатоци“ кои некои ученици можеби успеале, а некои не да ги обработат, бидејќи многу во многу училишта во Хрватска не се надокнадени часовите кои се изгубија за време на штрајкот. Напоменуваме дека ова е примарното барање на нашата акција и воедно оној од кој сме најмалку подготвени да се откажеме.
# Што се однесува до овогодинешниот есеј по Хрватски јазик, како и фактот дека датумот на неговото пишување е преместер порано, сметаме дека е оправдано да побараме листата да се преуреди барем по една од следните опции: а) да се тргне барем еден од наведените хрватски поети; б) да се тргне некое прозно дело од второто полугодие, кое можеби сите нема да можат квалитетно да го обработат поради моменталната ситуација со вирусот COVID-19; в) да се тргне едно од наведените дела на Крлежа, со оглед на тоа дека периодот наменет за обработка на неговите дела во големиот број училишта се поклопува со штрајкот, па квалитетот и тука е доведен во прашање.
# Не сме во позиција да ја определиме стапката за положување на матурата, затоа што таа навистина зависи од вкупната стапка на положување на цела една генерација. Како и дае, како такво, веќе е доведено во прашање, затоа бараме од Министерството да го земе предвид намалувањето на прагот во случај на колективен пад на резултатите, имајќи ги предвид околностите пред да се полага Државната матура, за време целата училишна година, бијдеќи ние сепак сакаме да се запишеме на факултет.