Барбара Витез ја бараат веќе 6 години и исто толку мистерии го следат овој случај: Ако е жива денес има 21 година и родители кои ја чекаат

Барбара Витез ја бараат веќе 6 години и исто толку мистерии го следат овој случај: Ако е жива денес има 21 година и родители кои ја чекаат

Објавена во: Живот // Живот

Барбара Витез од Сента изчезнала на 25 октомври 2016 година, кога имала 15 години. Од првиот момент на потрагата се појавија бројни верзии за нејзиното исчезнување, но ниту една не успеала да ги одведе нејзините неутешни родители кај нивната ќерка.

Оваа година ќе се навршат 6 години од агонијата и борбата на нејзините татко и мајка, а за „24седам“ нејзините родители, Ендре и Мелинда Витез споделија дека се појавиле нови информации поврзани со овој случај кој се најде и во Интерпол.

„За жал ништо не знаеме за неа. Дури едно време имав и големи проблеми, кога станува збор за безбедноста, бидејќи сакав да го најдам своето дете. Откако приватниот детектив Стеван Ѓокиќ почина, никој ништо повеќе не јавува, ниту испитува. Тој, навистина, имаше луѓе кои секаде се распрашуваа и сѐ што дозна ѝ даде на полицијата, но изгледа дека сето тоа биле лажни дојави или никој доволно не се заложи за потрагата“ - вели скршениот Ендре за „24седам“.

На прашањето што би ѝ порачал на Барбара ако го чита ова, таткото на девојката, која ако е жива, сега има 21 година, вели дека ни самиот не знае.

„Немам поима! Еве, верувајте, ова е таква тага и мака, што не би знаел што да ѝ кажам! Само да знам каде е, веднаш би бил таму!“ - наведува таткото на Барбара.

Месеците од исчезнувањето на тинејџерката од Сента поминуваа еден по еден, а неколку телефонски повици за момент успеале да им дадат надеж на нејзините родители. Меѓутоа, секогаш се враќале на почетокот и на тој кобен ден кога околу 23 часот останале без ќерката.

„Се случуваше да ни ѕвони непознат број и само што ќе се понадевавме дека можеби е трага која ќе нѐ однесе до неа, но секој пат стануваше збор за грешка. Повеќе не знам ни што да мислам, но надежта никогаш нема да исчезне, тоа е единственото нешто што нѐ држи во живот“ - објаснува Ендре Витез.

Во студената октомвриска вечер, Барбара последни ја виделе нејзините другари. Тие на полицијата ѝ раскажале дека се сопнала на мостот во Сента и дека паднала во Тиса. Кажале дека во тоа време неколку пати припадниците на српската и унгарската нуркачка полициска единица пребарувале, заедно со кучиња. Во потрагата која траела еден и пол месец, телото на исчезнатата Барбара не било пронајдено.

„Бидејќи не одам скоро никаде, само ако морам, немав можност да ги сретнам тие момчиња, кои сега се веќе момчиња. Сепак, ги видов можеби еднаш или два пати, но потоа преминав на другата страна од улицата. Не би ја издржал таа блиска средба. Тие за овие шест години никогаш не ни се јавија, ниту ни упатија било какви зборови како поддршка, разбирање, сочувство“ - додава таткото на Барбара.

Злобната судбина што го следи семејството Витез започнала со исчезнувањето на Барбара, а братот на Барбара, Атила, починал на 5 март 2019 година, на само 25 години. Тој кренал висока температур, и за жал не се разбудил од комата во која паднал. Неколку месеци подоцна, таткото на Мелинда починал, а набрзо потоа и на Ендре.

Во битката за враќањето на Барбара дома, им се придружил и Игор Јуриќ, кој живеел сличен живот. Неколку пати му се обратил на семејството, сакајќи да им даде до знаење дека е со нив.

„Последен пат се слушнавме во март, но оттогаш не се јавил. Не знам, добивам впечаток дека сите кренаа раце и дека нема што да се бара, особено што Стеван Ѓокиќ не напушти, но не сакам да се откажам и ги прашувам сите луѓе, дали имаат било какви информации за нашата Барбара, да ме известат во најблиската полициска станица“ - моли таткото на исчезнатото девојче.

Чекајќи на моментот кога ќе го здогледаат своето дете пред врата, Ендре и Мелинда дел по дел ја реновираат својата куќа.

„Мелинда и јас по нешто успеваме да направиме сами. Полека средуваме сѐ, останаа уште една врата и прозорец да се сменат, а потоа ќе ставаме надворешна изолација. До зимата најверојатно сѐ ќе биде готово, но... ние сега останавме сами. Немаме никој, освен верата дека наскоро повторно ќе бидеме со Барбара. Единствено ја имаме уште неа, таму некаде“ - велат родителите.

По шестгодишната битка за својата ќерката, Ендре е во инвалидска пензија, а неговата сопруга уште оди на психолошко лекување.

фото: Принтскрин / 24седам

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: