Барон Трамп прави нешто тажно секој пат кога со родителите мора да се појави во јавност
Барон Трамп имаше само 10 години кога неговото семејство се всели во Белата куќа. Денес тоа 14 - годишно момче со мајка му и татко му мора да се отсели од неа, откако Доналд Трамп ги загуби претседателските избори.
Често ги следеше родителите на протоколарните должности, но беше јасно дека во тоа не ужива премногу. Иако на само два месеци се појави во шоуто на Опра Вимфри, очигледно е дека вниманието не му годи. За тоа е свесна и неговата мајка, Меланија која по победата на Трамп со синот остана во Њујорк за тој да го заврши училиштето и да доживее што е можно помал шок. Минатиот месец неговото име повторно се споменуваше, бијдеќи целото негово семејство беше заразено со коронавирусот.
„На еден начин ми беше драго што сите го поминувате тоа во исто време, моевме да внимаваме едни на други и да бидеме заедно. Барон во меѓувреме е негативен“ - откри Меланија, на која Барон ѝ е единствено дете.
Иако за односот на неговите родители нашироко се расправа, што дури се споменува дека разводот е неминовен по поразот на изборите, за Барон се знае многу малку. За тоа е заслужна Меланија која минатите четири години внимаваше на приватноста на својот син.
Експерт за говор на телото и психолог Брук Дурхам обрна внимание на појавувањата во јавноста на Барон.
„Мисалм дека истовремено е слатко и тажно тоа што Барон секогаш гледа во под. Мора да е тешко да се биде млада личност во таа позиција. Бидејќи Трамо е многу фокусиран на себе и нема време за другите, веројатно не му помогнал на својот син околу самодовербата пред камерите. Ова е слично на неговиот однос со Меланија, која секогаш е насочена како што тој сака, како да води беспомошно куче со јаже“ - додаде.