Батеријата на мобилниот телефон ти се празни брзо? 8 совети кои ќе ти помогнат да ти издржи цел ден

Батеријата на мобилниот телефон ти се празни брзо? 8 совети кои ќе ти помогнат да ти издржи цел ден

Некогаш замена на батеријата не е потребна, а особено ако знаеш некои трикови...

Како што секоја батерија има свој рок на траење, така имаат и оние во мобилните телефони. Но, некои батерии се уништуваат веднаш, така што живеат со полначи и постојано се поврзани со нив.

Ако и ти се една од оние личности чиј мобилен телефон постојано е поврзан со полнач, тогаш треба да ги знаеш советите кои „Carlcare Service“ ги издвои како идеални за сочување на батеритеја:

# Рестартирај го телефонот и наполни го повторно

Иако мислиме дека од рестартирањето нема никаква придобивка, тоа сепак може да помогне при запирање на сите апликации кои работат, а тие се најчеста причина за трошење на батеријата. Освен тоа се освежува целиот софтвер, Андроид или iOS, а потоа веднаш наполни го до крај и тоа сигурно ќе ти помогне при одржувањето на батеријата.

# Деинсталирај ги апликацијата кои не ги користиш или исклучи ги известувањата

Некои апликации, иако не ги користиш, постојано испраќаат известувања кои не ти се потребни. Затоа деинсталирај ги сите апликации кои не ги користиш или исклучи ги известувањата за нив, бидејќи секое ново известување ти ја троши батеријата. 

# Автоматско прилагодување на светлината на екранот

Не треба светелината на екранот секогаш да ти биде на максимум. Вклучи го автоматското прилагодување на светлината, бидејќи тоа е само еден од начините кои ни се достапни на телефонот и кои ни ја штедат батеријата на уредот.

# Изгаси ги сите апликации кои ти работат во позадина

Отворените апликации во позадина трошат повеќе батерија отколку што мислиш. Затоа често мораш да ги гасиш оние кои работат во позадина, а најдобро би било да ја затвораш секоја апликација во оној момент кога ќе излезеш од неа, за дополнително да не ја трошиш батеријата на телефонот.

# Исклучувај ја локацијата, WiFi-то и Bluetooth-от

Овие три ставки чесот знаат да бидат главен виновник поради кој батеријата на мобилниот телефон се празни брзо. Затоа кога не ги користиш, задолжително исклучувај ги за да не останеш без батерија во оној момент кога ти е најпотребна.

# Вклучи ја опцијата максимално штедење на батерија

Опцијата максимално штедење на батеријата е достапна скоро на секој мобилен, а таа автоматски прави некоја од овие работи наместо тебе. Единствена мана е што можеби нема да можеш да пристапиш до сите апликации кои ти се потребни, но ако мобилниот ти е празен, тогаш оваа опција ти е и повеќе од корисна.

# Користи го оригиналниот полнач, а не копија

Полначат кој не е мобилниот може да ти ја уништи батеријата, бидејќи црпи повеќе од потребното. Оригиналниот полнач е најдобар избор, без оглед на тоа што чини повеќе од копијата. Освен тоа, кога е копијата во прашање, истата може и да се запали.

# Ажурирај ги сите апликации одеднаш, како и софтверот на мобилниот

Ако ги ажурираш сите апликации одеднаш, без да ти се ажурираат автоматски, заштедуваш многу повеќе батерија. Автоматското ажурирање на апликациите не е добро, бидејќи ги ажурира кога ќе пристигне новата верзија, а тоа некогаш може да ти потроши многу батерија, а истото важи и за софтверот на мобилниот телефон. Затоа исклучи го автоматското ажурирање, и тоа заврши го кога ќе бидеш дома и кога ќе ти биде наполнет мобилниот телефон.

фото: freepik.com

Можеби ќе ве интересира: