Бебето кое глумеше во „Телетабиси“ порасна: Како изгледа денес сонцето од познатиот цртан филм? (ФОТО)
Еве кој го глумеше ова познато сонце...
Сите кои ги гледале „Телетабиси“ сигурно го запаметиле сонцето кое се појавило во цртанот. Малото бебе кое толку слатко се смее беше еден од заштитните знаци на овој цртан. Тоа бебе денес е возрасна личност.
Бебе кое стана актерска ѕвезда уште од мали нозе! Бебето всушност било девојче по името Џес Смит. Таа го глумеше сонцето во „Телетабиси“ од 1997 до 2015 година. Денес, 20 години подоцна, повеќе не се занимава со глума. Иако е едно од најпознатите лице од ТВ екраните, луѓето не ја препознаваат, па така и понатаму ја има својата приватност. Се занимава со администрација за една компанија за обезбедување во Велика Британија, пишува „Mirror“.
Со оглед на тоа што била многу мала кога се снимал овој цртан, за жал не се сеќава на тоа искуство. Сепак, единственото сеќавање кое го има е дека седела пред огледало и дека ѝ велеле да се смее. Улогата ја добила само што се родила, додека уште била во болница. Продуцентот бил во болницата да бара бебе за таа улога и Џеес го освоила со својата насмевка. Останатото е историја.
Обожавателите на Телетабиси не можат да веруваат дека Сонцето веќе пораснало и дека е во 20-тите години. Ако и ти во детството го имаш гледано овој цртан, сега ќе се чувствуваш старо.
фото: Принтскрин / Инстаграм