Бегаат од тебе поради лошиот здив: Трикови кои ќе ти помогнат!
Немојте да мислите дека перењето на усната шуплина со водичка за уста четири пати на ден секогаш го решава проблемот со лошиот здив. Кога устата ќе ви биде сува, тоа не значи дека имате помалку плунка. А, кога во устата има помалку плунка, храната и бактериите имаат тенденција да се задржат таму повеќе време, вели д-р Ада С. Купер, потпарол на Американското здружение на стоматолози.
Предивикувач на лошиот здив често е дехидрацијата, односно недоволното внесување на течности во организмот. Иако, причините за лошиот здив може да бидат разновидни, од некои прости па се до посериозни. Д-р Купер смета дека редовното пиење на вода секој ден во голем број случаеви може да го држи човекот подалеку од стоматологот.
Исто така, устата знае да се исуши и поради пиење кафе и алкохол, како и кога се пијат одредени лекарства. Таа не нагласува дека не треба да мијат забите пред спиење, бидејќи во спротивност во устата ќе ви останат остатоците од храна која ќе се распаѓа, а бактериите за време на ноќта ќе се размножат и ќе го создадат лошиот здив.
Инаку, оваа неудобна појава има и свој официјален назив - халитоза, па доколку се задржи и доколку никако не успевате да се изборите со лошиот здив, д-р Купер советува да заминете на стоматолог за да се пронајде вистинскиот предзвикувач на проблемот, пренесува Reader's Digest.
Од халитоза според некои проценки страда 1/4 од луѓето. Станува збор за честа или постојана присутност на лошиот здив кој настанува како непосакуван ефект од ферментацијата на честичките од храната во устата што резултира со создавање на испарливи сулфурни соединенија. Кај таквите проблеми помага конзумацијата на ѓумбир, сеедно дали во облик на чај или на јадење парчиња од коренот.
Истражувачите од Германија, од Техничкото училиште во Мичиген, проучувале како ѓумбирот делува на однесувањето на молекулите во плунката, а потоа ја тестерирале својата теорија на волонтерите кај кои е следено како се менува здивот, односно подобрува. Резултатите биле одлични.
Здивот може да се освежи и со грицкање на свеж магданос, особено откако сте јаделе многу зачинета храна, на пример со многу лук или кромид. Освен магданосот, исто така помага и свежата мента, босилокот, па и рузмаринот.