„Бегство од палатата“: Снимен филм за принцот Хари и Меган Маркл, во него се и Арчи и интервјуто со Опра

„Бегство од палатата“: Снимен филм за принцот Хари и Меган Маркл, во него се и Арчи и интервјуто со Опра

Објавена во: Живот // Живот

Ова не е прв филм за познатата двојка...

За принцот Хари и Меган Маркл е снимен уште еден филм во продукција на компанијата „Lifetime“, а првиот трејлер е објавен вчера.

„Хари и Меган: Бегство од палатата“ („Harry & Meghan: Escaping the Palace“) ќе ги следи најновите случувања од животот на двојката, вклучувајќи го и нивното сега многу познато интервју со Опра Винфри. Судејќи по исечокот, сценариото е базирано на исповедта која ја дадоа на познатата водителка, а во филмот Меган и Хари ќе бидат претставени како жртви на системот, што всушност, по оценката на критичарите и била цел на нивната појава. Сепак, со оглед на тоа дека рејтингот драстично им опадна, прашање е дали ќе го исполнат.

Како што соопштија од компанијата, филмот ќе се фокусира на „сѐ поголемата осаменост и тага што ја доживеа Меган“, потоа на „разочарувањето на двојката во „фирмата“ што не ја бранеше од нападот на медиумите“ и „стравот на Хари дека историјата ќе се повтори и дека нема да биде во можност да ги заштити својата жена и син од истите сили кои ја предизвикаа смртта на неговата мајка“.

Во филмот главните улоги ги играат Џордан Дин како Хари и Синди Мортон како Меган.



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: