Бела Хадид е прогласена за најдобро облечена жена на планетата: Конкуренцијата беше силна, погледнете кои познати ѕвезди се најдоа на листата

Бела Хадид е прогласена за најдобро облечена жена на планетата: Конкуренцијата беше силна, погледнете кои познати ѕвезди се најдоа на листата

Објавена во: Мода // Moj стил

Според изборот на стручното жири, Бела е топ. Но, кои други познати ѕвезди се најдоа на листата најубаво облечени?

Бела Хадид е прогласена како позната личност со најмногу стил.

Според изборот на Британскиот магазин „GQ“, популарната манекенка е најдобро облечената личност на планетата.

„Ретки се оние кои можат да носат сѐ, толку успешно како неа, без разлика дали станува збор за машка или женска облека. Таа, машката облека ја носи многу подобро од многу мажи“ - го објасни својот избор. Се потсетија на некои од нејзините најдобри модни комбинации, додавајќи дека постојат „многу верзии на Бела Хадид“.

И додека Бела беше прогласена за кралица на стилот, на ова листа заблескаа и некои други познати имиња.

# Ким Кардашијан

Иконата на модерното време, која оваа година стана заштитно лице на колекцијата на „Balenciaga“. Не смееме да заборавиме како ја претстави колекцијата за пролет/лето во соработка со „Dolce & Gabbana“.

# Дуа Липа

„GQ“ ја нарече „кралица на Косово“ и муза на францускиот дизајнер Симон Порте Жакемус. „Без разлика дали е облечена во „Versace“ или „Vintage Dior“ и понатаму може да изгледа како девојка од соседството“  - појаснија од магазинот.

# Зендаја

И неа, слично како Бела, ја пофалија дека машките костуми ги носи подобро од поголемиот број мажи.

# Елиот Пејџ

Некогашната актерка Елиот Пејџ, која помина низ операцијата за промена на полот и стана маж, исто така е на таа листа. Елиот е пофален поради својот стил.

# Јасмин Фини

19-годишната ѕвезда од серијата „Heartstopper“ на Нетфликс се најде на листата поради нејзиниот самоуверен стил, во кој одлично ги комбинира седумдесеттите и модата од 2000-тите.

# Џастин Бибер

Иако помина низ различни фази во облекувањето, во последното најдобро може да се опише како „тип на Баленсијага“. Облеката со големи димензии и големите капи станаа негов заштитен знак.

Кои други ѕвезди се најдоа на оваа листа, може да провериш ТУКА.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: