Бела Хадид е прогласена за најсовршена жена на светот: Но, кое е најсовршеното момче?
Многу девојки ќе се сложат...
Можеби ова момче е згодно, можеби и не е, но ако се прашува науката, тој е најсовршен по тоа како изгледа. Ги задоволува сите критериуми и тоа многу повеќе од сите останати. И за разлика од Бела, која е прогласена за најсовршената жена, а била на пластични операции, ова момче не го направил тоа.
Кога Бела Хадид беше прогласена за најсовршена жена на светот, многумина сметаа до таа титула дојде со помош на пластичните операции. Сега пак, науката откри и кое момче би било најсовршеното на светот.
Еден познат пејач и актер ги задоволува сите критериуми и тоа многу повеќе од сите останати мажи. Секој кој личи на него, може да се смета за прилично совршена личност. А, тоа е Хари Стајлс.
Тука не се гледа неговиот стил на облекување или карактерот, туку само изгледот на неговото тело и лице. Научниците кога одлучуваат кој е привлечен и совршен, се водат по „златниот просек“, техника која се користела пред неколку векови, пишува „The Sun“. Кога се гледа лицето, колку еп осиметрично, толку е посовршено. Еден пластичен хирург раскажа дека дури 98 проценти од луѓето во светот немаат симетрично лице, но Хари Стајлс има прилично симетрично лице. Неговото лице е 98,1 проценти симетрично, што е многу.
Секако, со оглед не можат да ги видат сите лица на светот, ги гледале познатите личности и нивните лица. Така што, секој кој има лице што наликува на Хари и многу личи на него, може да се смета за прилично совршена личност.
Освен лицето, постојат уште некои детали на неговиот изглед поради кои ја доби оваа титула. Сите овие карактеристики во изгледот се знак дека некое момче е совршено градено, а сите ги има Хари. Тоа се: широки рамена, тело кое е во облик на буквата „Т“ ( рамената да се најширокиот дел на телото и потоа телото да се стеснува кон половината), како и бујната коса на главата. Сето тоа е зачинето со тоа што има зелени очи, која е една од најретките бои на очи на светот. Изгледа дека многу девојки кои се луди по него имаат добра причина за тоа - сепак е совршен!
фото: Принтскрин / Инстаграм