Бела Хадид ги носеше најчудните панталони досега: Дали ова се танга - фармерки?
Од предната страна се нормални фармерки, а од позади...
Постојат секакви модели на фармерки, но вакво нешто досега не сме виделе. Бела Хадид може да носи сè, вклучително и фармерки - танга во кои повеќето од нас никогаш не би се осмелиле да се појавуваат во јавноста.
И што е најдобро, ако ги сакате, можете да ги набавите. Се разбира, ако имате 490 евра. Станува збор за, секако, дизајнерски фармерки од брендот Маглер, за кој веројатно никој од нас не слушнал, бидејќи станува збор за многу скап бренд. Бела ги носеше на нивната неодамнешна модна ревија која целата беше малку чудно, па затоа ова парче облека не изгледаше толку лудо.
Во морето на чудни фармерки што можевме да ги видиме досега, танга - фармерките се нешто ново. Тие се нешто што сигурно нема да се најде во сечиј плакар и за кое се надеваме дека нема да станат тренд. Иако не покажуваат премногу кожа, тие фокусот го ставаат на задникот и тоа навистина многу. Изгледаат како комбинација од кожени панталони и фармерки исечени на стратешки места. Ова е едно од парчињата во новата пролетна колекција на Маглер за 2021 година.
Од предната страна тие изгледаат одлично, всушност, дури и интересно, но вистинското шоу почнува кога оној кој ги носи ќе се сврти. Дефинитивно не е парче облека за секого. Но, бидејќи станува збор за бренд за облека кој најмногу го купуваат позантите личности чија цел е да шокираат и да направат нешто за што ќе се зборува, не би биле изненадени доколку ја видиме Мајли Сајрус во овој модел на утринско кафе.
фото: Andrea Raffin / Shutterstock