Бела Хадид и сите нејзини тетоважи: Според нив е очигледно каков стил најмногу ѝ се допаѓа
Еден тип на тетоважи посебно ѝ се допаѓа...
Бела Хадид во својата колекција има четири тетоважи. Само што две од нив направи во исто време и има делумно исто значење, но не се наоѓаат на ист дел од телото.
Тетоважите на Бела Хадид докажуваат дека сака минимализам. Иако телото не ѝ е преполно со тетоважи и има само наколку, сите се екстремно мали и минималистички - токму како што денес е популарно во светот на тетоважите. Но, една од нив е посебно таинствена, бидејќи многумина ја воочија на еден црвен килим по кој се прошета, а таа никогаш не го спомна тој настан.
# Ангелски крилја
Бела оваа тетоважа ја направи уште пред неколку години. Во прашање се ангелски крилја на надворешната страна од стапалата, а ѝ ги истетовирал истиот уметник кој ги тетовира Кендал Џенер и Хејли Бибер. Иако Бела никогаш не откри што точно значи оваа тетоважа, се претпоставува дека тоа е како посвета за „Викторија Сикрет“, со оглед на тоа што во тоа време беше дел од нивните ревии.
# Мала ружа
Уште една од нејзините минималистички тетоважи е оваа која претпоставува мала пупка од ружа и која е сместена над лактот на нејзината лева рака. Оваа тетоважа е навистина минималистичка, но и пристојна и многу ѝ одговара. Без оглед на тоа што е мала, убаво ја краси нејзината лева рака.
# Арапско писмо
Бела потекнува од Палестина. Токму поради тоа одлучи да ги посвети овие две тетоважи на своето палестинско потекло, а на секое рамо има по една напишана порака на арапски. Значењето на едната е „Те сакам“, а другата - „Моја љубов“.
# Три ситни точки
Дека оваа сестра Хадид го сака минимализмот докажа и со оваа екстра ситна тетоважа која се наоѓа под градите. Во прашање е мала тетоважа која се состои од само 3 точки, а ја откри минатата година на еден црвен килим, каде што носеше фустан кој ја покажа оваа тетоважа. Но, тогаш точките беа бледи, што значи дека не се нови, а таа никогаш не откри што значат, ниту кога ја направила.
фото: Принтскрин / Инстаграм