Бела Хадид раскина со момчето: Причината е нејзината болест и лекувањето на кое се оди со месеци
Супермоделот Бела Хадид ја раскина двегодишната врска со Марк Калман. Имено, се вели дека причината за нивната разделба е тоа што таа моментално е на лекување од Лајмска болест, а истото трае веќе четири месеци.
-Тие беа многу заљубени, но врската тргна низбрдо и решија да стават крај. Бела е многу убава личност, но се бори со притисоците на славата. Таа се обидува да се грижи за себе од нивното разделување. Таа престана да пие пред девет месеци и не е на рехабилитација, туку на лекување поради болеста“, изјавил извор за Дејли Мејл.
Споменатиот медиум пренесува дека двојката раскинала пред извесно време, но дека останале во пријателски односи.
Фото:Freepik