Белата ракавица на Мајкл Џенскон добива мјузикл: Зошто кралот на попот не ја симнуваше од 1982?
Џони Деп ќе го продуцира мјузиклот за животот на Мајкл Џексон, а сето тоа ќе биде раскажано од аголот на популарната ракавица
Повеќе од црниот шешир, кристалните чорапии црвената кожна јакна, заштитен знак на кралот на попот, Мајкл Џексон беше и неговата бела ракавица, прекриена со сребрени плочки.
Ракавицата првпат ја носеше во видеото за познатата песна „Billie Jean“ од 1982 година и стана нешто по што овој пејач е препознатлив. Публиката од самиот почеток се прашуваше од каде идејата за оваа ракавица и зошто еден од најпознатите музичири на сите времиња упорно ја носеше.
Џон Кихи, соработникот на Џексон, тврди дека пред 40 години присуствувал на моментот кога Мајкл ја „запозна“ својата ракавица. Тоа се случи во стидио, во кое Кихи требало да го дизајнира музичкото видео за песната „Can you feel it“, која во 1980 година ја изведуваа Џексон и неговите браќа. Кихи во еден момент го однел Мајкл да му ја покаже собата за монтажа. Таму го сретнале уредникот Рик Рос, кој „сечел“ и „спојувал“ ТВ реклама. Рик на својата рака носел кратка бела памучна ракавица додека работел со филмската лента.
Мајкл, кој до тој момент не покажал никаков посебен ентузијазам, потполно се маѓепсал од ракавицата и бил сконцентриран само на неа. Љубезно поставил низа прашања за ракавицата, од кои последното било: „Дали би сакале да ми дадете една?“.
Останатото е историја.