Белорускиот принц 4 години беше строго чувана тајна, а потоа сѐ се промени: Кој е 17-годишниот Николај Лукашенко?
Најмладиот и трет син на белорускиот претседател Александар Лукашенко (67) е Николај Лукашенко, момчето за кое не се знае кога точно е родено...
Николај Лукашенко има 17 години и тој е момче кое ветува. Во Белорусија го нарекуваат принц, но и „момчето со златниот пиштол“!
Растењето на Николај се криеше од јавноста, поради што тој е дополнително интересен на странските медиуми. Најголема мистерија е тоа што полни 17 години не се знае која е жената која на претседателот на Белорусија му го родила синот.
Според некои добро упатени луѓе, мајка на Николај наводно е Ирина Абељскаја, ендокринолог и некогашна лична докторка на Александар Лукашенко, но тоа никогаш не е официјално потврдено. Таа е научник, а живее во раскошна вила во елитната населба Дрозди, каде може да влезе само елитата.
Сопругата на Алексеј и мајка на неговите две постари деца - Виктор и Дмитирја - Галина Желнеровиќ, селска учителка со која Лукашенко се оженил во младите денови, денес е потполно изолирана и живее недалеку од градот Могилев.
Откако наполни 16 години, Николај беше прогласен за најпосакуван ерген во Белорусија. Се вели дека свирел пијано од 9-годишна возраст, дека е исклучителен хокеар и дека течно зборува руски и англиски, а шпанскиот јазик го учи.
За малиот Николај се дозна дури пред неговиот 4-ти роденден, а до тогаш беше најстрога тајна. Кога наполни 4 години, неговиот татко Александар Лукашенко одлучи: „Коља ќе биде мојот наследник!“.
Од тој момент Николај не се разделува од својот татко. На сите официјални посети го следи во чекор. Така можеме да го видиме Николај облечен во војничка униформа, но и во костум за време на посетата на зградата на Обединетите нации на Ист Ривер, веднаш до Си Џинпинг, Владимир Путин и Ердоган.
Ќе остане забележано дека на 7-годишна возраст, тогашниот руски претседател Димитирј Медведен му подари златен пиштол, во 2012 година од својот татко доби специјално изработена пневматска пушка.
Ерменскиот милијардер, сопственик на дестилеријата на најпознатиот ерменски коњак Арарат, му дарил буре од 50 литри што треба да се отвори на неговата свадба, но и два бели (албино) лавови, кои се чувале во зоолошката градина во рудникот.
фото: Принскрин / Инстаграм