Белото одлично ѝ стои: Елена со фотографии го најави новиот видеозапис!
Со нови фотографии, Елена Ристеска го најави новиот спот, кој е сниман во Мајами. Поп-ѕвездата, објави фотографии на кои позира на плажа.
На фотографиите се гледа дека белата боја одлично ѝ прилега, а според облеката која ја носи Елена ќе има интерсен видео спот. Оваа година, таа два пати беше во САД, каде што договараше настапи и снимаше видео. На претходната посета, таа гостуваше во студиото на македонскиот музичар Дуке Бојаџиев кој живее во Њујорк, и разговараа за заедничка соработка.