Беше ѕвездата на фимот „Сам дома“: Сега целосно се повлече од актерството и има друга професија
Актерот Александар Давид Линц имаше среќа да се здобие со популарност како дете, кога ја имаше честа да ја толкува главната улога во третото продолжение на франшизата „Сам дома“, односно малиот Алекс.
Бидејќи целата екипа се смени во тој дел, заплетот на филмот остана ист и се темелеше на истата приказна. Новото момче тогаш случајно доби микрочип, кој се криеше во автомобилот играчка, а по кој трагаат опасни криминалци, и поради сето тоа, тој станува нивна мета.
Иако Алекс не се здоби со популарност како неговиот претходник Меколи Калкин, многумина беа изненадени од фактот дека Линц целосно го напушти актерскиот свет и денес се занимава со заштита на животната средина.
По снимањето на филмот „Сам дима 3“, тој работеше на уште неколку проекти, а потоа му поминаа неговите момчешки желби и амбиции за глума. По завршувањето на средното училиште, тој одлучи да се запише на колеџ, а денес има 31 година и живее во Лос Анџелес.