Беше миленик на жените, а сега се појави целосно изботоксиран: Дури и обликот на главата му се смени (ФОТО)
Бредли Купер неодамна се појави со испеглано и отечено лице, што поттикна шпекулации за негово користење на ботокс.
Холивудскиот миленик на жените, 47-годишниот актер Бредли Купер од почетокот на кариерата заслужено го носи овој ласкав статус, а често се зборува дека со годините изгледа подобро. Сепак, се чини дека и тој потклекнал на загрижувачкиот тренд кој го мачи Холивуд во последно време, а се работи за процедурите за подмладување.
Фото: Profimedia
На компаративните фотографии на актерот кои ги објави „Дејли Мејл“, јасно се гледа дека тој сега има помалку брчки од пред неколку години, а му се променил и обликот на главата.
Не е тајна дека ботоксот отсекогаш бил популарен меѓу познатите личности, но во последно време сè повеќе од нив ја минуваат границата и стануваат непрепознатливи, а некои понови примери се Кристин Дејвис, Викторија Бекам и Памела Андерсон.
Извор:zena.blic.rs