Беше најмладата учесничка во „Јас имам талент“: Победата ѝ побегна за влакно, денес има друга професија и изгледа нереално

Беше најмладата учесничка во „Јас имам талент“: Победата ѝ побегна за влакно, денес има друга професија и изгледа нереално

Објавена во: Stars // Музика

Кони Талбот се прослави во 2007 година во британскиот „Јас имам талнет“, а денес, на 20 години изгледа сосема поинаку...

Таа 2007 година, на сцената на британското шоу „Јас имам талент“ застана петгодишната Кони Талбот која, скоро преку ноќ благодарение на нереалниот настап стана светска ѕвезда.

Ја пееше познатата песна „I will always love you“, која не се осмелуваат да ја испеат ниту многу поискусните пејачи. Нејзиниот ангелски глас ги освои срцата на сите, а на малата Кони ѝ предвидуваа блескава музичка кариера.

Во финалето победата ѝ побегна за влакво иако нејзиниот настап се препраскажуваше со години. Сепак, на симпатичното девојче по шоуто му се отворија многу врати, а токму по Кони на ова популарно натпреварување почнаа да се пријавуваат уште повеќе деца.


По завршувањето на натпреварувањето Кони потпиша договор со издавачката куќа на Сајмон, „Sony BMG“, но се откажа откако сними само две песни. Потпаролите на компанијата открија дека нејзините години се неуспех за песните и одлучиле да го раскинат договорот, иако Кони само една година подоцна започна соработка со „Rainbow Recording Company“ за која го објави и албумот „Over the Rainbow“, кој е продаден во повеќе од 250.000 примероци и беше на првото место во многу земји. Патуваше низ Азија и сними уште два божиќни албуми.

А, во 2019 година се врати на местото каде што започна сè, добивајќи овации од Сајмон, Аманда Холден, Дејвид Вилијамс и Алеша Диксон. Сепак, не успеа да се пласира во полуфиналето, иако се претстави со оригинална песна.


Денес, на 20 години, Кони и понатаму пее, иако има и нова професија. Пишува и компонира песни за други, а посветена е и на добротворната работа. Неодамна стана амбасадорка на Африканскиот детски хор, промовирајќи ги нивните проекти во Африка.

Кони ја следат огромен број обожаватели, а посебно е популарна на Јутјуб. Обожавателите се воодушевени не само од нејзиниот талент, туку и изглед, бидејќи од симпатично петгодишно девојче без предни заби, израсна во нереална убавица.

Не се сомневаме дека за оваа талентирана девојка, допрва ќе се слуша, впрочем, има само 20 години, а како изгледа денес и колку се променила по сите овие години погледнете во продолжение:







Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: