Беше најубаво девојче на светот, од 2 години се шминкаше и одеше на солариум: Денес сите се зачудени од нејзиниот изглед
Мајка ѝ и давала енергетски пијалоци за да биде расположена, а исто така често ја тепала, се додека не ѝ заканиле дека ќе ѝ ја одземат...
Кога започна да се прикажува ТВ-емисијата „Toddlers and tiaras“, не е доволно ако се каже дека светот остана во шок. Иако е познато дека децата сакаат натпревари за убавина во Америка, и многу мајки гледаат на нив како можност да им дадат посветла иднина на своите деца, неизбежно е децата често да поминат низ вистинска тортура, се со цел да изгледаат „совршени“.
Солариуми, вештачки нокти, коса, па дури и заби, кореографија, костими, вежбање од неколку часови на ден, се само дел од она што требаше за да се прогласи „најубавото девојче или момче“.
И, иако многумина не видоа ништо лошо во вакво нешто, зад целиот тој гламур, имаше темна страна, а младата Един Вуд најдобро го почувствува ова на нејзина кожа.
Лицето на оваа девојка веројатно го познавате многу добро. Претходните години неколкупати победи на разни натпревари за убавина и беше прогласена за најубава девојка во цела Америка.
Нејзината мајка Мики ја воведе во светот на натпреварувањата кога имаше само две години, инсистирајќи русокосата Един секогаш да е дотерана, со совршена фризура, нашминкана и облечена во женски фустани од тул.
Мики сакаше да ја „зачува убавината“ на својата ќерка до тој степен, што ја принуди да јаде исклучиво нискокалорична храна, а исто така ja водеше и na солариум, а на крајот и даваше енергетски пијалоци секој ден, за Един да биде добро расположена.
Овој начин и темпо на живот не се одразуваа добро на здравјето на оваа млада дама - таа имаше континуирани силни главоболки, а имаше и проблеми со варењето на храната.
Подоцна, на виделина излегоа информации дека Мики често ја тепала својата ќерка, со цел Един да „создаде отпор кон стресни ситуации“. На крајот, оваа мајка беше предупредена дека мора да го смени однесувањето за да не и го одземат детето, а самата Един реши да престане да се натпреварува кога наполни шест години и ја освои 300 - тата титула!
Таа денес има 14 години и сè уште се занимава со моделинг, но во многу помала мера. Имаше епизодни улоги во неколку филмови, напиша автобиографска книга и се обиде во блогерството.
Популарна е и на Инстаграм, каде ја следат скоро 60 илјади луѓе и истакна дека би сакала во иднина да се посвети на актерството и музиката и да започне сопствено производство на облека за деца.
И покрај фактот дека оваа тинејџерка успеа да се врати во нормала растејќи до одреден степен, последиците од одземаното детство се трајни, што може да се забележи во нејзиниот изглед, но и во начинот на живење.
Повеќе фотографии од тоа како Един изгледа денес, погледнете во продолжение: